Жителите на јеменскиот град Аден денеска изјавија дека слушнале најмалку шест експлозии во близина на палатата што ја користи меѓународно признатата влада на земјата. Експлозиите предизвикаа паника кај жителите на пристанишниот град.
Службеник за безбедност изјави дека најмалку две експлозии се регистрирани на врвот на рид во близина на палатата Масик, додека уште две се слушнале подалеку, во близина на полицискиот пункт.
Медиумите поврзани со бунтовниците хути цитираа воен службеник кој изјавил дека цел биле оперативниот центар на палатата и складиштето за оружје.
