Штип добива нов паркинг во центарот на градот: Започна изградбата кај Трговскиот центар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска започнаа градежните активности за изградба на нов паркинг простор во близина на Трговскиот центар во Штип. Просторот каде што претходно беа сместени бездомници е целосно исчистен, откако Општината претходно им обезбеди соодветно домување.

Според градоначалникот Иван Јорданов, во првата фаза од проектот ќе се уредат над 35 паркинг места со павер-елементи, ново осветлување и урбана опрема. За оваа намена од општинскиот буџет се издвоени нешто повеќе од еден милион денари.

Во втората фаза е предвидена изградба на дополнително ниво, со што капацитетот ќе се дуплира на околу 70 паркинг позиции. Јорданов најави дека по овој проект, Општината ќе започне со изградба на катна гаража и зад општинската зграда, со цел дополнително да се намали сообраќајниот метеж во центарот на градот.