Шест години од референдумот: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 30-ти септември пред 6 години во Македонија се одржа последниот референдум, на кој граѓаните се изјаснуваа на прашањето: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 30 јули 2018 година донело одлука за распишување на референдумот.

Ставови

Тогашниот македонскиот премиер Зоран Заев и владината коалиција започнаа онлајн кампања со која го поддржаа гласот За на референдумот. Многу високи функционери и ЕУ-водачи дадоа поддршка за опцијата „За“ бидејќи ќе ја доближи Македонија до ЕУ и НАТО. Меѓу оние кои ја посетија земјата за поддршка на референдумот беа Ангела Меркел и Себастијан Курц, канцелари на Германија и Австрија, како и Џим Матис, американскиот секретар за одбрана, и Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, Албанскиот претседател Илир Мета, премиерот Еди Рама и министерот за надворешни работи Дитмир Бушати ги повикаа Албанците во Македонија да го поддржат договорот и да гласаат за на референдумот. Во Македонија, албанските политички партии и нивните водачи Али Ахмети (ДУИ), Мендух Тачи (ДПА), Билал Касами (Движење Беса) и Зијадин Села (Алијанса за Албанците) исто така го поддржаа гласот За.

Против/бојкот

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе го бојкотира референдумот и смета дека договорот со Грција е акт на предавство. Сепак, на почетокот на септември, само неколку недели пред референдумот, Христијан Мицкоски, претседателот на партијата излезе со изјава со која ги охрабри граѓаните да гласаат според сопственото убедување, и дека партијата ќе ги почитува различните мислења. Партијата не учествуваше во референдумската кампања, додека некои високи партиски членови ја изразија својата поддршка за бојкотирање на референдумот. На 23 септември, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој беше избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, го осуди договорот и ги повика своите сонародници да го бојкотираат гласањето.