Пред шест години во Македонија се отвори нова врата на информирање на која граѓаните можеа да тропнат и да ги раскажат нивните проблеми. Од една запуштена зграда на поранешно кино Вардар, се претвори во голема телевизија и пример за непристрасното и независно новинарство.
Огромните сали, преоблечени во ново руво се претворија во редакција и студија од кои се емитуваат информативни изданија, забавни емисии и политички дебати кои го променија концептот на граѓаните околу критичкото мислење.
Ова е ТВ21.
Посебен дел од програмата е наменет за младите, кои според анкетите претставуваат солиден процент од редовните гледачи. Друг интересен податок е тоа што кадарот на оваа телевизија се состои главно од млади. Поради тоа, ТВ21 честопати е окарактеризирана како „телевизија на млади“.
Освен информативните програми, ТВ21 стана и релевантен извор на информации и ставови преку дебатната емисија „Клик Плус“. Во овие дебати досега учествувале стотици познати личности, политичари, интелектуалци, аналитичари, експерти од различни области…
ТВ21 во изминативе шест години успеа да ги задоволи највисоките етички и новинарски стандарди, како што се: информирањето, едукацијата, забавувањето и пренесувањето култура. Предизвикот за довршување на мисијата продолжува и понатаму.
На шестгодишнината, во оваа нова сезона, покрај информативните изданија, дебатната емисија „Клик Плус“ и дневните интервјуа во рамките на емисијата „10 Минути“, на екранот на ТВ21 повторно ќе можете да ги следите емисиите од забавен карактер „Пастел“ и „Урбан Таг“. Многу работа, многу бои со единствена цел – подигање на професионалниот стандард во служба на сите оние кои ќе одлучат да го гледаат нашиот канал.
Инаку, ТВ21 е дел од големата медиумска куќа 21Медиа, која брои вкупно 7 канали со седиште во Приштина.
ТВ21 е национална телевизија чија програма се емитува на целата територија на Република Македонија. Телевизијата продолжува да ги следи идеалите на независното новинарство, идеали по кои се воделе и основачите на компанијата во 90-тите, нудејќи информативни и забани програми на два јазика.
ТВ21 има и два портала: TV21.tv и TV21.mk
