Шест лица, меѓу кои три деца, загинаа, а 11 се ранети во израелски напад врз либанско село во областа на градот Баалбек, соопшти либанското Министерство за здравство.
Според либанските медиуми, сите загинати се членови на исто семејство.
-Во напад на израелските непријатели врз Храјбех, загинаа шест лица, од кои три деца, од кои едно тригодишно, а 11 лица, од кои пет деца, се повредени, се вели во соопштението на Министерството за здравство, кое прецизираше дека две од жртвите се во „критична состојба“.
Во меѓувреме, либанските медиуми соопштија дека вечерва бил извршен „многу моќен“ израелски напад врз населбата Харет Хреик во јужните предградија на Бејрут, која била цел на серија бомбашки напади во текот на денот.