Новиот концепт на настава донесе многу проблеми и за учениците и за училиштата. Иако денеска е трети октомври, учениците од шесто одделение се уште ги немаат добиено учебниците кои им се потребни за да следат редовна настава. Од раководителите на училиштата што ги контактиравме и ги посетивме, никој не се согласи да зборува пред камера за фактичката состојба со учебниците. Не не одби само директорката на ОУ „Адем Јашари“, Фиторе Ќирези. Таа за ТВ21 потврди дека има недостигот на учебници за сите ученици од шесто одделение, а додаде дека недостигаат учебници и за другите одделенија по предметот историја, географија и книги за јазици.
„За жал, септември помина. Сè уште се соочуваме со недостаток на текстови општо. Но, сега има проблем со новиот концепт во шесто одделение. Целосно недостасуваат учебници од новиот концепт. Но, имавме недостиг на книги делумно и за другите паралелки со старата школска програма. За седмо одделение, географија и историја, отсекогаш недостигале овие книги, а и општо учебниците за јазици.“, изјави Ќирези.
Министерот за образование, Јетон Шаќири, вчера зборуваше за недостигот на учебници и нивна достава до училиштата. Тој рече дека доставувањето на книгите ќе се врши во текот на оваа недела, а доколку има потреба и во текот на викендот.
Дури и со директорите со кои контактиравме, но кои одбија да зборуваат пред камера, потврдија дека нема учебници и за шесто одделение и делумно за другите одделенија. Покрај недостигот на книги, училиштата се соочуваат и со предупредувања од издавачките куќи дека не смеат да ги копираат учебниците, бидејќи во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави според законот за авторски права. Во меѓувреме, наставниците се обидуваат да го покријат наставниот материјал со текстови од старата програма, но и од материјалите што г и имаат достапни на интернет.
