Шилегов: Смрдеата во Ново Лисиче доаѓа од Вардариште

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21 вели дека смрдеата која се шири низ Ново Лисиче доаѓа од депонијата Вардариште.

„Дефинитивно доаѓа смрдеата од таму… Неколку децении во минатото некој одлучил дека крајбрежјето на Вардар, во делот карши Ново Лисиче познато како Вардариште, да биде депонија за комунален отпад којашто е користена повеќе децении“, вели Шилегов.

Тој додава дека на оваа депонија е таложен комунален отпад со децении без да биде соодветно третиран.