„Шиптари, говеда, неспособни“ – Лога им објави „војна“ на претседателот на Судот во Куманово и Судскиот совет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за правда, Кренар Ллога вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде изрази посветеност за реформирање на Судскиот совет.

Тој го спомна и претседателот на Судот во Куманово, кој според него, не го положил тестот за интегритет, но повторно е избран за претседател на судот.

„Овој судија падна на тестот за интегритет и повторно му беше дозволено да биде претседател на Судот. Вчера имаше таков тест за кандидатите, а оние кои не го положија овој тест беа елиминирани“, рече Лога.

Лога вели дека овој претседател упатил и погрдни зборови кон Албанците.

„Шиптари, говеда, непособни.. вака рече претседателот на Судот во Куманово. Нема да доживеам да видам да се користат такви термини против Албанците“, додаде Лога.

Министерот најави дека во оваа прилика им објавил отворена војна на претседателот на Судот во Куманово и на Судскиот совет.