Екипата на Шкуписо 3:0 ја совлада екипата на Линколн од Гибралтат, и успешно ја стартуваше сезоната во Лигата на шампионите.
Серијата на голови ја отвори Данфа во 11.минута после одличен соло продор на работ од шеснаесетникот и удар во долниот лев агол. На 2:0 зголеми Адетунџи до прекрасен удар од 20-тина метри. Ова беше резултат на полувремето.
Во вториот дел Шкупи остана без Маргвелашвили кој доби црврн картон во 54.минута. Сепак, и со играч помалку Шкупи дојде до 3:0 со автоголот на Чиполина.
Резултатот можеше да биде поубедлив, но Адетунџи погоди пречка, а Шеји стативата од голот на гостите.
Реваншот е во Гибралтар идниот вторник. Ако го мине Линколн, Шкупи во 2.коло ќе игра против Динамо Загреб.
ФОТО: ЕКИПА.МК
