Шок на аеродромот во Бангок: Тинејџерка сокрила 30 желки под облеката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тајландските власти уапсија тинејџерка на аеродромот во Бангкок под сомнение дека се обидела да шверцува 30 заштитени желки, во вредност од околу 9.000 долари, кои биле залепени под нејзината облека, соопштија официјални лица во среда.

Тајланд е важен транзитен центар за шверцерите на диви животни, кои често продаваат ретки и загрозени видови на профитабилниот нелегален пазар во Азија.

Властите се посомневале во 19-годишна тајванска државјанка поради нејзиното необично однесување додека се подготвувала за лет за Тајпеј.

За време на инспекцијата на аеродромот Суварнабхуми, индиски ѕвездени желки – 29 живи и една мртва – беа пронајдени прицврстени за нејзиното тело.