Шок сведочење на детето кое уби 9 лица во ОУ Владислав Рибникар во Белград: „Сакав да ме доживуваат како психопат, да останам запеметен“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според информациите со кои располагаме, тој на денешното судење ладно одговарал на прашањата .

На прашањето зошто ги убил врсниците во ОУ „Владислав Рибникар“, тој кратко одговори.

„Тој рече дека сака луѓето да го доживуваат како психопат и да биде „запаметен“ “, вели изворот, пренесуваат српските медиуми.

Момчето рекло дека на овој начин сакал да стекне почит.

Во Специјалниот суд во Белград денеска сведочеше момчето кое на 3 мај минатата година уби девет врсници и чуварот на тоа училиште.

Судењето беше затворено за јавноста.

Следното рочиште е на 1. ноември.