Шокантно однесување на градоначалничката на Лос Анџелес – еве што одговори на прашањата за катастрофалните пожари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Карен Бас, градоначалничката на Лос Анџелес, се најде на удар на јавноста откако беше објавено дека буџетот за пожарникарите во градот е скратен.

Покрај тоа, Бас била во официјална посета на Гана во моментот на пожарот, иако метеоролозите предупредија дека поради сушата и силниот ветер има „совршени услови за пожар“.

Гневот на граѓаните дополнително се засили кога властите потврдија дека некои хидранти во погодените области, главно во луксузната населба Пацифик Палисадес, се без вода. Кога се вратила во САД, Дејвид Блевинс, новинар на британскиот Sky News успеал да дојде до градоначалничката и да и постави неколку прашања, на кои таа не одговораше и само молчеше.