Шолц: ЕУ е целосна само со земјите од Западен Балкан, не дозволувајте минатото да ви го попречува патот кон иднината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германскиот канцелар Олаф Шолц уште еднаш на почетокот на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан во понеделник во Берлин ја истакна перспективата на членките на овој регион да влезат во Европската унија, посочувајќи дека ЕУ е нецелосна без овие земји.

„Европската унија е комплетна само ако во неа се земјите од Западен Балкан“, рече Олаф Шолц во пресрет на 10-тиот јубилеен самит, кој беше промовиран во Берлин во 2014 година.

Шолц рече дека по десет години берлинскиот процес може да се пофали со бројни успеси во подобрувањето на регионалната соработка и приближувањето на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија.

Тој особено ја истакна важноста од редовен контакт меѓу земјите од регионот, како и со членките на ЕУ кои го следат овој формат, меѓу кои е и Хрватска.

Истовремено Шолц ги повика Србија, Косово, но и другите земји да се свртат кон иднината.

„Сакам да го истакнам следното на моите пријатели од Белград и Приштина. Немојте да дозволите минатото да ви го попречува патот кон иднината“, рече германскиот канцелар.

На самитот, покрај претседателите на државите и владите на шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), учествуваат и членките на Европската унија вклучени во процесот.