Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија нема да испрати крстосувачки ракети со долг дострел „Таурус“ во Украина бидејќи, како што наведе, тоа би значело директно вклучување на Германија во војната.
На овој начин, Шолц одговори на новинарско прашање за да ги коментира медиумските извештаи дека САД одобриле испорака на ракети со долг дострел на Украина за напади длабоко на руска територија.
Германскиот канцелар посочи дека употребата на германските ракети „Таурус“ во војната меѓу Украина и Русија би значело дека Германија прифаќа заедничка одговорност за контрола на целта, што де факто би ја направило страна во војната.
„Тоа е нешто што не можам и не сакам да го правам“, рече Шолц , посочувајќи дека досега Германија и забрануваше на Украина да гаѓа цели длабоко во руската територија со германското оружје што и е доставено досега.