Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, објави Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор од германската влада.
Повикот траел околу еден час, а двајцата разговарале денеска во текот на утрото.
Путин и Шолц последен пат разговарале телефонски во декември 2022 година.
„Рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц планираат да одржат телефонски разговор во петок, според извор упатен во ситуацијата“, пишува Блумберг.
„Да, решив да разговарам со рускиот претседател во вистински момент. Но, јас сум одговорен политичар“, изјави Шолц пред неколку дена за јавниот сервис АРД.
Шолц додаде дека Русија треба да одлучи дали војната ќе продолжи на неодредено време, или може да се најдат начини да се стави крај.