Шпанија го затвори својот воздушен простор за американски воени авиони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанија денес го затвори својот воздушен простор за авиони на САД кои учествуваат во војната во Иран, соопшти министерката за одбрана, Маргарита Роблес.

Претходно, Мадрид соопшти дека САД не можат да ги користат заедничките воени бази на американската и шпанската армија за операции поврзани со војната во Иран.

„Ова на американската армија ѝ беше јасно кажано од самиот почеток. Затоа, ниту базите, ниту шпанскиот воздушен простор не се достапни за било какви акции поврзани со војната во Иран“, изјави Роблес пред новинарите.

Шпанската влада на премиерот Педро Санчез е најкритичната земја во Европа кон воените акции на САД и Израел на Блискиот исток.

„Мислам дека сите го знаат ставот на Шпанија, тој е многу јасен“, рече Роблес, нарекувајќи ја војната во Иран „длабоко незаконска и длабоко неправедна“.