Шпанија ја победи Аргентина и стана нов светски првак!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанија ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство со 1-0, и така го симна од тронот. „Фуријата“ требаше да слави и во регуларниот дел, но тоа го стори дури на почетокот на второто продолжение.

Шпанците доминираа во текот на целиот натпревар, и во продолженијата, со исклучок кога постигнаа водечки гол, Аргентинците ја презедоа иницијативата и имаа супер прилика да дојдат до израмнување, но до него не дојдоа.

Шпанија два пати опасно се закани во регуларниот дел преку Јамал, ама голови немаше. Аргентина остана со играч помалку по исклучувањето на Енцо Фернандез. Тоа им даде значителна предност на Шпанците.

Во првото продолжение имаа шанса повторно преку Јамал кога одбрани Мартинез, а потоа постигнаа гол кој беше сомнително поништен.

На Шпанците им требаше паузата, за веднаш после неа да дојдат до победничкиот гол. Нафрлена топка до Нико Вилијамс, кој врати до Феран Торес, а овој од прва го совлада Мартинез и донесе предност.

Џулијано Симеоне имаше шанса за изрманување, ја упати топката над голот, Шпанците се одбранија, ја сочуваа мрежата чиста и стигнаа до големиот трофеј!