Шпанската полиција уапси девет припадници на т.н.„балкански картел“ и заплени 1 тон кокаин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанската полиција уапсила девет членови на таканаречениот „балкански картел“ и запленила еден тон кокаин кој со брод од Јужна Америка пристигнал во пристаништето Виго, јавуваат локалните медиуми.

Според овие изјави, бродот пристигнал на пристаништето пред неколку дена, а инспекторите откриле наркотици во еден од контејнерите со овошје.

Уапсени се државјани на Србија и Албанија. Некои од осомничените се приведени во близина на локалниот трговски центар и станица, каде завчера имаше големо полициско присуство. Со оглед на тоа дека се уапсени Срби и Албанци, најверојатно станува збор за членови на „балканскиот картел“, кој е поврзан со последната заплена на 1,2 тони кокаин во пристаништето Гвајакил во Еквадор, на крајот на декември.

Кокаинот потоа бил скриен во лименки со туна, а бил наменет и за пристаништето Виго, објавија шпанските медиуми.

Шпанската полиција се уште нема официјално соопштение за оваа голема акција, но потврди дека се работи за строго доверлива акција и се уште е во тек.