Министерот Венко Филипче потврди дека еден штитеник од домот за стари лица во Битола бил позитивен тест на Ковид-19.
„Во домот за стари лица во Битола, примен е еден штитеник, и во следните денови добиена потврда дека е позитивен на Ковид-19. Веднаш се превземени мерки, земени се брисеви од штитениците од сите соби, на дел од персоналот, и објектот се дезинфицира. Ако добиеме повеќе информации, ќе информираме“, рече Филипче.
