Што ако поминеме на зелено и заглавиме сред крстосница поради гужва? Тошковски: Тоа ќе се води како прекршок, но со друг третман

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу системот „Сејф Сити“, министерот Панче Тошковски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 одговори на неколку дилеми.

Една од нив е што доколку некое возило помине на зелено светло на семафор, но поради гужва се најде на сред крстосница. Тошковски за таквите случаи кажа дека ќе биде третиран како прекршок, но ќе има друг третман, односно не како поминување на црвено, туку како забавување на сообраќајот на крстосница.

„Тој сообраќаен прекршок има друг третман, нема да има третман поминување на црвено, туку забавување или отежнување на движење во рамки на крстосница, кој е посебно дефиниран, и мислам дека казната беше 45 евра која е дефиниирана. Значи возачот мора да направи проценка дека сообраќајот ќе се закочи ако помине на зелено светло, и ќе мора да застане. Имаше во тест периодот и такви ситуации, и камерите ве идентификуваат како да сте поминале на црвено, и покрај тоа што сте влегле на зелено. Но, сето тоа го отстранивме, и тој прекршок нема да биде констатиран како поминвуање на црвено, туку како ‘угушување’ на крстосница“, рече Тошковски.