Мила Царовска, министерката за образование гостуваше во ТВ21 во емисијата „10МИНУТИ“.
Со Царовска зборувавме за почетокот на школската година, која утре стартува со физичко присуство.
На прашањето што ако се појави еден позитивен случај во некое одделение, Царовска одговори:
„Се известува епидемиолошката служба, излегува на терен, прават епидемиолошка анкета, прават инструкции за понатаму. Сме во комуникација со комисијата и министерството за здравство, и секако ги следиме состојбите. Во секој случај е многу значајно има обврска секој од нас да се вакцинираат наставниците, но значајно е маските да се носат доследно, да имаме дезинфекција и почитување на сите протоколи“, рече Царовска.
