Евроамбасадорот Дејвид Гир зборуваше во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 вечерва на различни теми.
Го прашавме евроамбасадорот дали е фер Северна Македонија поради Бугарија да остане без членство во европското семејство и зошто поради прашања кои не се директно поврзани со условите за членство?
„Не сакам да ги коментирам билатералните спорови. Она што е важно преговорите од двете страни да продолжат до конечно решение.“, рече Гир.
Тој потсети дека ЕУ донела одлука за почеток на преговорите ж со Северна Македонија и Албанија, но за тоа треба прифаќање од 27 земји членки.
„Одлуката донесена во март минатата година стои. Донесување на одлука во ЕУ бара едногласна прифаќање од 27 земји членки. Има разни области на едногласна согласност и разбирам дека некогаш може да оддолжи одлуката, и јас ги разбирам фрустрациите на вашите граѓани кои со нетрпение чекаат земјата да почне преговори“, изјави Гир кој што рече дека најважно е Софија и Скопје да постигнат согласност и Северна Македонија да ја продолжи динамиката на реформи.
