Главниот град на Романија, Букурешт утрово беше во вистински колапс, затоа што беше реализиран највениот штрајк на метрото. Возовите доцнеа, а сите кои сообраќаа со автомобили, заглавија низ улиците.
Вработените во најкористениот јавен превоз се незадоволни од новата регулатива со која се укина покачувањето на платите за вработените во секторот, договорено и предвидено со Колективен договор од декември 2024 година. Дел од нив денеска ќе се сретнат со Владата, за да се најде решение.
Метрото во Букурешт опслужува околу 700.000 патници дневно.
