Француските пожарникари втор ден по ред се борат со најголемиот шумски пожар во последните речиси осум децении, кој проголта 16.000 хектари шума и уби едно лице, а неколку други се водат како исчезнати.
„Пожарот во овој момент не е ставен под контрола“, изјави за BFM TV Кристоф Мањи, еден од водачите на операцијата за гаснење пожари во јужниот француски регион Од.
France On Fire: The fire in Aude, France is immense and out of control!
— John Cremeans (@JohnCremeansX) August 7, 2025
📡 What We Know: The fire has engulfed more than 16,000 hectares. That is larger than the entire city of Paris! 3 people have been reported missing, 1 was killed. 25 houses and 35 cars were also destroyed. pic.twitter.com/12sQM6ymV0
Пожарот во близина на границата со Шпанија започна претходно оваа недела и веќе опустоши област поголема од Париз. Властите предупредуваат дека ова е најголемиот шумски пожар од 1949 година.
Шпанија се бори и со разорни пожари, особено на самиот југ од земјата каде што пожарот се приближи до туристичкото одморалиште Тарифа. Таму се евакуирани неколку хотели и станбени згради и пет илјади возила. Локалните медиуми велат дека се евакуирани и 1.500 луѓе.
Научниците предупредуваат дека потоплите и посувите лета создаваат поголем ризик од пожари во медитеранскиот регион. Според Европската комисија, 353.000 хектари земјиште изгореле во 1.478 пожари во Европа од почетокот на годината.
Службата за климатски промени „Коперник“ на ЕУ денес соопшти дека минатиот месец бил третиот најтопол јули на Земјата откако започнале да се водат евиденции, вклучувајќи рекордно висока температура од 50,5 степени Целзиусови во Турција. Најжешките и вторите најтопол јули се забележани во 2023 и 2024 година.
