На Клиниката во Шуто Оризаре денеска беше отворено гинеколошко одделение. По долги години чекање, 20 илјади жени од оваа општина ќе имаат таков оддел и на клиниката во нивната населба.
Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека овој гинеколошки оддел ќе им помогне на жените од населбата Шуто Оризаре и во раното дијагностицирање на одредени болести но и со сите останати здравствени услуги.
Филипче истакна дека во изминатиов период работеле интензивно со неколку партнери кои помогнале во подобрувањето на здравствените услуги во оваа општина.
МЗ ја опреми клиниката со специјална опрема во вредност од 39 илјади евра.
