Швајцарски епидемиолог: „Луѓето ќе живеат под рестриктивни мерки уште најмалку две години“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Епидемиологот и ескпертот за јавно здравје Матиас Егер од Швајцарија, кој го води штабот за борба против коронавирусот на таа земја, рече дека луѓето ќе мора да бидат под рестриктивни мерки уште најмалку две години.

„Додека лекарите не ги добијат сите одговори поврзани со коронавирусот, мерките како што се социјално дистанцирање, хигиена на рацете и носење на заштитни маски во одредени ситуации ќе биде долгорочно барање до сите граѓани. На таков начин можно е да живееме уште две или повеќе години“, рече Егер, пренесува „Свисинфо“.

Тој ја коментираше одлуката Швајцарија да ги отвори училиштата од 11 мај.

„Родителите не треба да стравуваат, затоа што не постојат деца кои заразиле постари лица, и нема ниту еден потврден случај меѓу децата. Но, никогаш не постои апсолутна сигурност“, вели Егер.