Шведска: Почна третиот бран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Шведска почна трет бран на пандемијата, соопшти денеска шведската Здравствена агенција.

Агенцијата ги заостри мерките поради неодамнешниот пораст на нови случаи на ковид-19 и брзото ширење на новите соеви кои се сметаат за позаразни.

Во Шведска од петок до денеска се регистрирани нови 11.804 случаи на коронавирусот, покажуваат статистичките податоци, што е пораст од нешто помалку од 1.000 случаи пријавени во текот на истиот период минатата седмица.

„Изгледа одиме кон трет бран“, рекол главниот епидемиолог Андерс Тегнел на прес-конференција.

Тој додаде дека не видел драматично зголемување, ниту намалување на случаите.