Си Џинпинг во тридневна државна посета на Вашингтон и средба со Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе пристигне во Вашингтон на тридневна државна посета, на покана на американскиот претседател Доналд Трамп.

Темите за кои се очекува да разговараат ги вклучуваат царините и трговскиот спор меѓу двете земји, но и безбедносните прашања поврзани со вештачката интелигенција и глобалните конфликти, како војната во Иран и руската воена интервенција во Украина, објави германската агенција ДПА.

Трамп подготвил широка програма која ќе трае до петок, со воена парада, свечен прием на кој ќе присуствуваат директори на технолошки компании и чај организиран во Белата куќа.

Ова ќе биде прва посета на Си на САД од 2023 година, кога тој отпатува во сојузната држава Калифорнија на состанокот на Форумот за азиско-пацифичка економска соработка (APEC), каде што се сретна со претходникот на Трамп, Џо Бајден.

Трамп го покани Си во Белата куќа за време на неговата посета на Пекинг, во средината на мај.