Сиднеј погоден од големи бранови – поплавени куќи, евакуирани жители и оштетена инфраструктура

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Крајбрежјето на Сиднеј е погодено од силни бранови и плимни бранови, кои доведоа до поплави на станови и штети на инфраструктурата, соопштија денеска официјални лица.

Во јужниот дел на Сиднеј, неколку куќи беа евакуирани околу полноќ, откако брановите навлегоа во крајбрежната област, изјави портпаролот на службите за итни случаи на Нов Јужен Велс, Ендрју Едмундс, пренесе АП.

На плажата Бонди, бранови високи 5,5 метри оштетија згради покрај брегот.