Неопходно е да се зајакнат напорите за постигнување мир, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по ракетните напади врз регионот Закарпатија, на западот на Украина.
Сијарто на својот Фејсбук профил напиша дека гувернерот на Закарпатската област рекол дека ракетните напади не предизвикале жртви, пренесе МТИ.
„Настаните од рано утринава покажуваат дека треба да се интензивираат мировните напори, бидејќи секој ден носи се повеќе и повеќе уништувања, секој ден носи ризик од ескалација на војната“, посочи тој.