Сиљановска Давкова: Изјавата на Кос претставува софистицирано мешање во внатрешните работи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова, денеска од Подгорица ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која ја повика Северна Македонија да направи уставни измени и да ја вметне бугарската заедница во Преамбулата на Уставот.

Сиљановска Давкова ја критикуваше изјавата на Кос, посочувајќи дека формулацијата „ништо помалку, ништо повеќе“ личи на „земи го или остави го“, што според неа претставува софистицирано мешање во внатрешните работи на земјата.

„Имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи на нешто како земи го или остави го. Тоа не е филозофија, тоа е софистицирано евромандаринство. Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи“, истакна Сиљановска Давкова.

На прес-конференција со црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, Сиљановска Давкова истакна дека Македонија е подготвена за уставни измени, но со одложено правно дејство, со предупредување дека продолжувањето на блокадите може да создаде пречки за напредокот на процесот.