Сиљановска-Давкова: Струга, пример за соживот – Ќура: Вртиме нова страница каде граѓаните заедно ги слават успесите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пример за соживот и почитување на етничките разлики, тоа е Струга – рече претседателката на државата Силјановска-Давкова за време на посетата на градот покрај езерото, на денот кога се одбележуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот договор.

„Струга е град кој ги почитува и уважува сите етникуми и религии, град кој може да биде пример за соживот, а јас сакав да дојдам кај градоначалникот бидејќи тој беше избран како независен кандидат и зад него застанаа граѓани од различни партии и граѓани од различни етникуми, и ме интересираше во овие месеци кој ветер го водел, дали сè уште постојат разликите кои биле длабоко создадени, успеал на некој начин да ги ублажи.“, вели Гордана Сиљановска Давкова.

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, рече дека Охридскиот рамковен договор останува темел на соживотот во Македонија и токму поради тоа ова прашање било во фокусот на средбата.

„Веруваме дека повторно отвораме нова страница и нова ера во Струга, каде што добро се живее, се живее заедно и заедно се слават успесите во спортот, културата и други манифестации кои овозможуваат подобар живот за сите граѓани.“, вели, Менди Ќура.

Давкова и Ќура разговарале и за прашањето на соработката со Албанија за заштита на езерото, при што претседателката истакна дека соседната држава во изминатиот период презела сериозни мерки, од кои можат да се извлечат важни лекции.

„Езерото нè обединува и не треба да нè разделува. Голем мост може да биде токму обединувањето на сите сили за негова заштита“, рече, меѓу другото, Силјановска-Давкова.