Силекс – Академија Пандев во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екипите на Силекс и на Академија Пандев, ќе играат во финалето на Купот на Македонија, откако двата тима вчера и денеска обезбедија пласман со победите над Македонија ЃП односно Струга.

Практично двата тима кои гостуваа, беа победници. Вчера Академија Пандев со 1:3 го совлада тимот на Македонија Ѓорче Петров, додека денеска во Струга, домашниот тим немаше сили да парира, и загуби 0:1, со тоа овозможувајќи му на кратовскиот тим да се плсира во финалето кое е планирано на 19 мај на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.