Силекс есенски првак во ПМФЛ по победата над Вардар, и по ремито помеѓу Шкендија и Гостивар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силекс ќе презими на лидерската позиција во Првата македонска фудбалска лига, откако во последното есенско коло триумфираше со 1-0, а притоа искористувајќи го ремито без голови во дербито меѓу Шкендија и Гостивар во Тетово. Силекс и Шкендија, заедно со Работнички кој денеска убедливо со 3-0 го победи Пелистер, имаат по 37 бода на врвот од табелата најавувајќи крајно неизвесно првенство низ пролетниот дел од сезоната.

Неизвесно ќе биде и на дното каде за опстанокот ќе се борат Тиквеш, кој денеска извојува значајна победа од 2-0 против АП Брера, Беса, Вардар и Воска Спорт.

Во Кратово, Ефтимов донесе предност за кратовци, но благодарение на лошата проценка на голманот на Вардар, Филип Гачевски.

Домашниот фудбалер испрати центаршут од левата страна, од повеќе од 30 метри, но топката отскокна пред голот на Вардар и го изненади Гачевски, за гол кој беше доволен за три бода за Силекс.

Но, Вардар имаше и играч повеќе во второто полувреме по страотниот старт на Донов во 31. минута, по што доби директен црвен картон. Сепак, силите беа израмнети кога во вториот дел и Ѓуриќ кај Вардар доби црвен картон.

Силекс, Шкенидја и Работнички имаат ист број на бодови на крајот – по 37, додека ги следи Гостивар со 35, а Струга ТЛ има 32.

Standings provided by Sofascore