Пад на европските берзи е регистриран утрово, затоа што инвестаторите стравуваат од трговска војна откако Доналд Трамп воведе царини на увозор од Канада и од МЕксико.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 1% во 9:30 часот утрово.
Лондонски FTSE индекс се намали за 0,55%, додека франкфуртскиот DAX падна за 1,62%. CAC во Париз падна за 1,14%.
Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. Индексот таму беше намален за 0,3%.
Јапонскиот Никеи падна за 1,2%, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Хонг Конг и Австралија паднаа меѓу 0,1 и 0,6%.
