Силен ветер вечерва во Скопје, откорнати дрвја, делови од градот без струја, апел да не се излегува надвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Скопје вечерва дува силен ветер со брзина од околу 70 километри на час. Во делови од градот има откорнато покриви и дрвја кои го попречуваат сообраќајот.

Град Скопје на официјалната Фејсбук страна ги предупреди граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите и да избегнуваат прошетки под дрвореди, а возилата да не ги паркираат под крошните на дрвјата.

– Градските екипи се подготвени за расчистувањето на снегот, а од „Паркови и Зеленило“ се веќе на терен каде ги подигнуваат паднатите гранки и дрвја, пишува на официјалната страна на Град Скопје на Фејсбук.

Управата за хидрометеоролошки работи најави од вечерва промена на времето со пад на температурите, дожд и снег.

Силниот ветер и невремето остави делови од Скопје и без струја. Неколку жители на населбите Влае и Хром се пожалија дека останале без електрична енергија.