Иран денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтерова скала, соопшти Европско-медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 10 километри и на оддалеченост од околу 37 километри од градот Мора.
Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.
