Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Кипар денеска, објави Европскиот-Медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од 60 километри, недалеку од Ларнака. Потресот бил почувствуван од жителите на Ларнака, како и од дел во градовите на јужното крајбрежје на земјата.
Ова е втор силен земјотрес за кратко време. Претходно земјотрес со јачина од 7 степени се случи во Индонезија.
Помали земјотреси се регистрирани и во Хрватска и во Грција.