Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на главниот град на Вануату, Порт Вила, оштетувајќи згради и друга инфраструктура. Според податоците на Американскиот геолошки институт (USGS) земјотресот се случил во 12:47 часот по локално време на длабочина од 10 километри.
Земјотресот накратко предизвика предупредување за цунами за делови од островската држава на Тихиот Океан, но официјалните лица во 14:14 часот по локално време известија дека заканата поминала. Се уште не е познат бројот на жртвите. Снимките на социјалните мрежи покажуваат урнати згради, автомобили погодени од паднати панели и мебел расфрлан по катови во домовите.
CCTV footage of 7.4 Earthquake in Port Vila, Vanuatu
December 17, 2024 #earthquake #Vanuatu #terremoto #sismo pic.twitter.com/0MJWyhepga— Disasters Daily (@DisastersAndI) December 17, 2024
Американската амбасада во Порт Вила е меѓу зградите кои претрпеле оштетувања, според фотографиите објавени на интернет, пишува Би-би-си.
Мајкл Томпсон директор на Vanuatu Jungle Zipline Adventure, рече дека комуникациите во областа биле „навистина лоши“ и дека поставил мрежа Starlink во близина на неговиот дом за јавноста да може да пристапи на интернет.
„Има многу урнати згради низ градот. Во тек е голема спасувачка операција за извлекување на луѓето кои можеби се уште се живи под урнатините“, рече тој во видеото објавено на Фејсбук.
A powerful 7.4 magnitude earthquake struck Vanuatu, causing widespread destruction and Multiple Buildings Collapse in Port Vila,Vanuatu 🇻🇺
Third video of US Embassy in Vanuatu, showing extensive damage #earthquake #Vanuatu #terremoto https://t.co/ukU7BtmCZP pic.twitter.com/1vDwo4hae2
— Weather monitor (@Weathermonitors) December 17, 2024
🔔#Earthquake (#séisme) M7.4 occurred 26 km W of #Port-Vila (#Vanuatu) 29 min ago (local time 12:47:24). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/9w9HeiQHcP
🖥https://t.co/KS3Yk0Tl8T pic.twitter.com/zYbwkeksys— EMSC (@LastQuake) December 17, 2024