Силен земјотрес ја погоди Романија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија во областа Брашов, соопшти романскиот национален институт за истражување и развој за физика на земјата.

Земјотресот се случил во 11:53 часот на 64 километри источно од Брашов со епицентар на длабочина од 110 километри.

Засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви во земјотресот.