Силен земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтер, го погоди грчкиот остров Крит.
Засега нема информации за евентуална штета или за жртви.
Епицентарот е на 9 километри од градот Ситеија, односно 91 километар од градот Ираклеион, најголемиот град на островот.
