Силен земјотрес со јачина од 5,2 ја погоди Турција, жителите ги напуштаат своите домови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди местото Киг во Бингол во Турција во 21:28 часот по локално време.

Гувернерот на Бингол Кадир Екинчи изјавил дека во потресот немало жртви, но дека тимовите за спасување излегле на терен.

Граѓаните ги напуштиле домовите и се подготвуваат ноќта да ја минат под отворено небо.

Земјотресот бил на длабочина од 15,5 километри.