Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени, утрово го погоди грчкиот остров Крит.
Земјотресот бил со епицентар во морето, на 126 километри северно од Ираклеон, главниот град на островот. Се случил во 6:57 часот според средноевропско време.
Засега нема пријави за настаната штета. Земјотресите во овој дел на земјата се чести. Некои се дури над 5 степени, што придонесуваат за оштетувања.
