Силен земјотрес утрово ја погоди централна Италија, бил почувствуван дури до Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според европската сеизмичка скала се случи утрово во Италија, во близината на Римини. Најпрво ЕМСЦ објави дека потресот е со 6,1 степен, за потоа да направи корекција.

Потресот се случил во 07:07 часот на длабочина од 10 км, 62 км источно од Римини.

Хрватските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван и во западните делови на Хрватска, па дури и во Загреб.

Повеќе детали околу евентуални материјални штети се очекуваат во текот на денот.