Силен земјотрес во близина на грчкиот остров Крит

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во морскиот дел меѓу островите Касос и Крит, час и половина по полноќ беше регистриран земјотрес со јачина од 5,5 степени, што бил почувствуван во повеќе делови на земјата.

Засега нема информации за евентуална штета.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил 62 километри северозападно од Касос, додека пак Евро- медитеранскиот сеизмолошки центар издал предупредување за цунами, но подоцна повлечено.

Земјотресот бил на длабочина од 81 километар.