Силен земјотрес во близината на Драч

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во Јадранското море во близината на Драч.

Епицентарот бил на 22 километри од Драч, градот кој што во ноември минатата година го потресе силен земјотрес, при што загинаа педесетина лица.

Земјотресот бил почувствуван и во западниот дел од нашата земја.