Силјановска: Во овие 30 години, особено во овие мачни седум години се изнагледавме чудни нешта, на 8 мај да ја повториме лекцијата од 24 април

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова вечерва повтори дека ќе биде претседател на сите граѓани.

„Сите ние да направиме заеднички исчекор, нов АСНОМ, четвртиот Илинден. Во овие 30 години, особено во овие мачни седум години се изнагледавме чудни нешта. На 8 мај да ја повториме лекцијата од 24 април. Народот легитимира и делегитимира. Да поставиме темел за горда Македонија. На 9 мај ќе почне нова демократска историја и не дозволувајте оние кои повикуваат на бојкот да го суспендираат вашето право на глас на избор“, рече Давкова.