Во многу нестабилната југозападна струја утринава се разви таканаречен дождовен воз на крајниот северо-запад на Истра, каде локално донесе повеќе од 115 мм дожд.
Утринава веќе беше јасно дека се формирал воз кој ќе донесе екстремни количества врнежи. Според извештаите од терен, најтешко се погодени Копар и Умаг, каде под вода се бројни патишта, пренесува Истрамет.
Umag je pod vodom…video by Lori Banjac pic.twitter.com/eykzA1gkBC
— IstraMet (@IstraMet) September 12, 2024
Воз со врнежи е феномен во кој низа конвективни бури минуваат по истата патека поради присуството на нестабилна атмосфера и фронт. Поради континуирана конвекција и обновување на облакот, ова може да резултира со обилни врнежи во локализирана област, што често предизвикува поплави.
Во останатиот дел од денот не очекува слично време, но со многу нерамномерна распределба на врнежите.
