Силва и Вархеи во посета на Софија и Скопје – што ќе донесат?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска во посета на Скопје и Софија ќе пристигнат португалскиот шеф на дипломатијата Сантош Силва и еврокомесарот Оливер Вархеји.

Неофицијално до двете страни ќе бидат доставени идеи и предлози за надминување на блокадата од Бугарија, но засега нејасно е како тоа ќе се случи поради фактот што од Бугарија стигна изјава дека техничката влада нема да носи такви одлуки.

На оваа тема вчера во „10 Минути“ разговаравме и со директорката на Институтот за европски политики Симонида Кацарска, која посочи дека во оваа фаза нема големи очекувања, но дека во политиката се е можно.

„Политиката е уметност и на невозможното. Доколку постои можност и некоја отвореност да се претстави ова прашање како техничко прашање за почетокот, со некоја форма на одложена примена и слично со одлагање на решавањето на дел од овие прашања можеби и постои подготвеност. Иако официјалните изјави кои што ги добивме од Софија воопшто не беа оптимистички“, посочи Кацарска.

Во продолжение целосното интервју: