Остануваат уште 10 дена до почеток на процесот на попишување, а денеска завршува последниот рок за регионални попишувачи. Поради недостиг на попишувачи, Владата донела одлука, доколку ДЗС има потреба од повеќе попишувачи, на располагање ќе ги има вработените во државните институции.
Поради зголемениот број на заразени со Ковид 19, дали ќе може да се измени методологијата на попис и да се разгледа предлогот на македонската опозиција за онлајн попис? Симовски рече дека такво нешто не доаѓа предвид.
Симовски вели дека се подготвени за почеток на статистичката операција, додаде дека сите комисии се подготвени а својата работа и дека во моментов се одржуваат обуките на регионалните инструктори, додека за неколку дена ќе почнат и обуките за попишувачите. Пописот на населението ќе почне на 5 септември и ќе трае до крајот на септември. И натаму продолжува пописот на дијаспората.
